Љубљана: Пронајдена отсечена човечка рака во кутија за прва помош


Словенечката полиција го испитува случај на можно убиство откако во кутијата за прва помош беше пронајдена отсечена човечка рака, јавуваат словенечките медиуми повикувајќи се на неофицијални извори.

СТА јавува дека отсечената рака ја пронашле случајни минувачи во близина на реката Љубљаница на улицата Кашељска, на периферијата на словенечкиот главен град.