Јункер: Со гранични спорови Западен Балкан не може во ЕУ


Шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска истакна дека е многу важно на државите од Западен Балкан да им се понуди перспектива за членство во ЕУ, но инсистираше дека претходно тие мора да ги решат сите гранични спорови.

– Постојат многу гранични спорови на Западен Балкан и тие мора да се решат пред да можеме да одиме чекор понатаму, изјави Јункер на годишната безбедносна конференција во Минхен.

Тој рече дека е фрустриран од тековниот пограничен спор меѓу Хрватска и Словенија, кој не беше решен пред да се приклучат на ЕУ и истакна дека поради тоа мора да се спречи таков случај со други потенцијални земји-членки на ЕУ.