Јулија Скрипал отпуштена од болница
Ќерката на руско-британскиот поранешен двоен агент Јулија Скрипал, која заедно со нејзиниот татко беше отруена со нервен агенс е отпушена од болница, јави „Скај њуз“, повикувајќи се на свои извори.
„Скај њуз“ посочи дека на Јулија Скрипал здравствената состојба драстично и се подобрила и оти таа требала да излезе од болница вчера.
За денеска се очекува соопштение од нејзиниот лекарски тим.
Скрипал (33) и нејзиниот татко Сергеј Скрипал (66) беа пронајдени во Солсбери онесвестени пред повеќе од пет недели. Тие без отруени со нервен агенс, за што западните земји ја обвинија Русија.