Југохром ќе почне со работа кога ќе ги исполни еко-стандардите


Сѐ додека Југохром не ги исполни условите и не се вложи во заштитата на животната средина не треба да работи, оцени заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

– Инвеститорот си презеде свои обврски и за жал доцнат со исполнувањето на тие обврски. Ние сме решени Југохром да не може да работи сѐ додека не се исполнат сите услови за дозволата што ја имаат,  истакна Макрадули.

Од Министерството за животна средина контактирале со менаџментот на Југохром и чекаат да бидат информирани за она што е направено како инвестиција, а потоа ќе се оцени дали ги задоволува критериумите.

Макрадули рече дека не разговарале за нови рокови за изградба на филтрите, иако минатата година беше најавено дека Југохром ќе почне со работа во март или април оваа година