Југослав Тренчовски нов тренер на Академија Пандев


Досегашниот координатор на струмичкиот фубалски прволигаш Академија Пандев, Југослав Тренчовски, е нов тренер на екипата. Досегашниот Панче Стојанов денеска поднесе неотповиклива оставка поради слабите резулати во последно време, но тој и понатаму ќе остане да работи во клубот како координатор на младинските категории.

Раководството на клубот ја прифатило оставката на Стојанов и одлучило во наредните две-три прволигашки кола екипата да ја води Југослав Тренчовски, кој има тренерска про лиценца.

Клубот е во потрага по перманетно решение за кормилар на екипата, кој треба да го врати тимот на победничките патеки.