Јувентус планира да го донесе Де Геа во Торино


Јувентус се вклучи во трката за трансфер на голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа.

Според англиските медиуми Де Геа е алката која недостасува за италијанскиот клуб да завладее со Европа.

Во моментов мрежата на голот на италијанскиот шампион ја чуваат полскиот голман Војчек Шчешни и младиот Италијанец, Матија Перин.

Де Геа пред неколку дена одлично бранеше на натпреварот меѓу Јунајтед и Јувентус, а во клубот од Торино  на него гледаат како на наследник на Џанлуиџи Буфон.