ЈСП Скопје: Автобусите тешко стигнуваат до Средно Водно поради лошо паркирани возила


Поради несовесни возачи, кои на патот до Средно Водно ги оставале возилата кај ќе стигнат, минатата сабота возилата на ЈСП Скопје кои сообраќаат од линиите 25, 25А и 25Б, многу доцнеле или воопшто не стигнале до таму. Од ЈСП Скопје информираат дека некои автобуси биле приморани патниците да ги оставаат на среде улица, а три поаѓања воопшто не се реализирале.

За да се избегнат вакви ситуации претстојниот викенд, од јавното сообраќајно претпријатие апелираат до сите граѓани кои планираат да одат на Водно со автомобил, да се паркираат прописно на обележаните паркинг места. Укажувајќи дека возачите на ЈСП Скопје се приморани да реагираат согласно условите на терен, бараат од граѓаните да бидат потолерантни при евентуални застои.

Возењето со линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории на патници за време на викенди и државни празници.