Јелена Карлеуша нема да трча гола до Русија, Србите си одат дома


Русија– Пејачката Јелена Карлеуша вети дека ќе трча гола до Русија доколку српската репрезентација успее да го победи Бразил и се пласира во осминафиналето од Светското првенство во фудбал, но ќе нема шанса да го исполни ветеното. Бразилците рутинирано славеа со 2-0 (1-0) со головите на Паулињо и Силва и се пласираа на првото место од групата Е. Во вториот меч од групата, Швајцарија и костарика ги поделија бодовите, играјќи 2-2 (1-0). Швајцарците се втори и во следната фаза ќе играат против Шведска, додека популарните „кариоки“ ќе ги одмерат силите со Мексико. Србија го заврши настапот на првенството со една победа и два порази и гол разлика 2-5.