Ја симна Тејлор Свифт од тронот: Бијонсе е најплатена поп-ѕвезда


САД- Американската поп- ѕвезда Бијонсе ја симна Тејлор Свифт од првата позиција на листата на најплатени поп-ѕвезди, според „Форбс“.  Бијонсе според престижниот економски магазин, лани заработила 105 милиони долари. На втората позиција на листата на „Форбс“ е британската поп-ѕвезда пејачка Адел со заработка од 69 милиони долари, секако благодарејќи и на првата нејзина светска турнеја по 2011 година.

Минатогодишната шампионка Тејлор Свифт годинава е на третото место со заработени 44 милиони долари. Поп- дивата Селин Дион со заработени 42 милиони долари во 2017 година го зазема 4 место, а веднаш по неа со заработка од 38 милиони долари е Џенифер Лопез .

Меѓу првите десет најплатени пејачки на листата на Форбс се и Доли Партон ( 37. мил.), Ријана (36 мил.), Бритни Спирс (34 мил.), Кети Пери (33мил.) и Барбара Стејсенд со 30 милиони долари.