Јанушев: Пресудите за 27 април се политички


Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти. Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите“, вели Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
Смета дека обвинителството и судот „не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев“.
Тој рече дека правдата ќе дојде многу скоро, а оваа недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и пресметка со опозицијата ќе биде поразена.