ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисот на Заеви во Струмица алудира на злоупотреби


Бизнисот на деценијата кој што го направиле Заеви во Струмица за изградба во струмичката касарна, алудира на злоупотреби и матни зделки. Сомнежот е дека Сашко Брндевски, бизнис пајташот на Заеви во „Сара Инжинеринг“ бил само параванот во целата постапка, односно лицето кое искеширало 700 илјади евра за плац кој го купува на јавна набавка организирана од градоначалникот Зоран, за потоа поголем дел од неа багателно да ја препродаде на фирмите на Вице и Трајче Заев, за еден еднособен стан, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зградата која се гради на местото кое Брндевски за џабе го отстапил е со вкупна нето изградена станбена површина од околу 7.000м2, која ја градат фирмите на кланот Заеви и доколку ја продавал по принципите кои важат во градежништвото тогаш Брндевски како сопственик на земјиштето би добил околу 25% од вкупната површина, односно околу 1.700м2 станбена површина. Неверојатно е како Брндевски туку–така се откажал од над 1.650м2, кои ако се продадат по пазарна цена од 650 евра за м2 би му донеле заработка околу 1.100.000 евра. Значи потенцирам – Брндевски се откажува од заработка од околу 1.100.000 евра и ја отстапува само за еден еднособен стан кој пазарно вреди околу 25 илјади евра, давајќи го бизнисот на Вице Заев кој претходно го добил од Зоран Заев. А, Заеви односно компанијата на Вице и Трајче Заев кој во тоа време е управител имаат потенцијален приход од 4.5 милиони евра. Уште еднаш потенцирам Сашко Брндевски под пазарни услови требало да добие 1.100.000 евра, а всушност добил само еден еднособен стан, додека за целиот бизнис на Вице Заев кој започнува со продажбата на земјиштето токму од Зоран Заев ќе изнесува над 4.5 милиони евра. Значи повторувам приходи од над 4.5 милиони евра. Со вакви матни зделки Заеви добивале земјиште во Струмица во време кога Зоран Заев беше градоначалник.“, стои во соопштението.