Јане и неговите соученици пратија порака за лицата со ретки болести


Подрачното ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ од скопската населба Хром денеска се вклучи во одбележувањето на месецот на ретки болести. Денеска, симболично на 14 Февруари, соучениците на деветгодишниот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија пратија пораки со љубов и поддршка за својот „редок” соученик и за сите деца со ретки болести.

Со цртање на шарени дланки, кое е унифицирано лого, Јане и неговите соученици испратија пораки за поголемо внимание на лицата со ретки болести. Јане беше пресреќен и возбуден, исто како и неговите другарчиња кои му се постојана поддршка.

Инаку, светскиот ден на ретки болести се одбележува на 28 Февруари, а цел месец се одржуваат активности.