Јагањац најдобар стрелец во СЕХА-лигата


Ракометарот на Металург Халил Јагањац е најдобар стрелец во СЕХА-лигата во сезона 2017/18, со постигнати 100 гола.

Во пресрет на денешното последно коло, Јагањац имаше предност од пет голови во однос на Бруно Буторац од Татран Прешов.

Јагањац постигна пет гола на средбата со Цеље, исто толку даде и Бруно Буторац на мечот со Горење Велење, па разликата од пет гола стана и конечна.

Меѓу десетте најдобри стрелци во регионалното натпреварување, Металург има дури тројца ракометари: Јагањац е прв со 100 гола, Филип Кузмановски е петти со 75 гола,  Жарко Пешевски е на деветтата позиција со 65 постигнати голови.