Ѕверката за третото продолжение од „Сексот и градот“: Сигурно нема да умрам


САД- Откако во медиумите излегоа информации за несуденото сценарио на третиот дел од филмот “Сексот и градот“, се дозна дека ликот на Ѕверката, кој во првите два дела го игра Крис Нот (64), треба да умре уште од почетокот на филмот. Причина за неговата смрт би бил инфаркт, а потоа приказната во филмот би се базирала на борба на главната актерка Кери со тагувањето поради изгубениот сопруг. Иако, всушност, третиот дел не е планиран да биде снимен, Нот одлучи да се огласи по наводното кобно сценарио.

„Нема шанси Ѕверката да умре во треиот дел, тоа е лага“, одговори Нот на прашањето од новинарите.

Според извори од филмската екипа, третото продолжение нема да се снима единствено поради Ким Катрал, која, наводно, одбила да игра во филмот, бидејќи не гледала што ново може да понудат.

Инаку, во шестата сезона од серијата, Ѕверката навистина имаше проблем со срцето, поради што мораше да замине на итна операција. Откако се опорави, проблемот со срцето не се спомна.

Приватно, Нот е во брак со кандадската актерка Тара Вилсон (35), со која има син на возраст од десет години.