Ѕвезда од мали нозе: Ќерката на Бијонсе има личен стилист, готвач и обезбедување


Ќерката на поп-дивата Бијонсе и раперот Џеј-Зи, шестгодишната Блу Ајви Картер ги има сите предуслови и самата да стане ѕвезда, благодарение токму на своите родители милионери.

Имено меѓу другото, девојчето има свој личен готвач, како и посебен стилист – Мануел Мендез, кој работи во менаџмент компанијата на Бијонсе, „Парквуд“. Тој има задача секој ден да одлучува што ќе облече Блу Ајви.

Кога се работи, пак, за свечени елитни настани, тој го облекува детето во лимитирани „котур” креации. Пример за тоа е фустанчето „Мишка Аоки“, кое чини 8.000 фунти, и кое популарната Блу Ајви го носеше на доделувањето на Ем-Ти-Ви музичките награди.

Нејзиното последно појавување во јавност, исто така, беше впечатливо. Ајви блескаше во бели панталончиња, здолниште и широка наметка што се врзува на половината.

Блу Ајви има дури пет живеалишта – во Њујорк, во Хемптонси, Мајами и две во Лос Анџелес, а ја чуваат две дадилки, кои, меѓу другото, имаат задача да ја подучуваат француски и свахили јазик, како и уметност.