Ѕанакопулос: Преоден период е, Заев може да вели Република Македонија
-Мислам дека нашите соседи ќе покажат добра волја. Формално, господинот Заев го има тоа право сѐ додека не се завршат конкретните процеси и формалните постапки и сум апсолутно убеден дека господинот Заев ќе го покаже политичка волја како што направи во минатото. Се наоѓаме во еден апсолутно преоден период и мојата проценка е дека полека полека, од ден на ден сите, и во Грција, а посебно во Северна Македонија ќе се усогласат со она што го предвидува и она што го наметнува Договорот од Преспа, вели Ѕанакопулос.