Ѓукановиќ: Белград и Приштина да го решат спорот како Скопје и Атина


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска рече дека по решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје, треба да се работи на решавање на преостанатите проблеми во регионот.
„Ми се чини дека искуството во решавање на проблемот меѓу Македонија и Грција може да биде многу благотворно во решавање на другите проблеми од слична природа, а тоа е меѓу Белград и Приштина“. вели Ѓукановиќ по состанокот со Јенс Столтенберг генералниот секретар на НАТО во Брисел.
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот доставено до Танјуг, Ѓукановиќ рекол дека како одговорен и заинтересиран сосед за позитивно решение на тој проблем работат со намера да дојдат до еден позитивен епилог во тој дијалог.
„Верувам дека е можно и го повикувам НАТО со свој ангажман во нашиот регион и во соработка со ЕУ да даде придонес на она што ќе се покаже како единствена доверлива формула за стабилност на Западен Балкан“, вели тој.