Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот
ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија, изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со оваа инфлација која што и се случува на Македонија е секојдневна. Од тие причини бараме веднаш и неодложно укинување на наметнатата акциза на дизелот од 3,5 денари која што ја наметна владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски“, рече тој.