Ѓоко Танески стана магистер по туризам


Поп-пејачот Ѓоко Танески стана магистер по туризам. Магистратура ја одбрани во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Темата на магистерскиот труд беше „Културното наследство и културните манифестации во функција на туризмот“.

-Моите професионални амбиции се активно да се вклучам во креирањето на стратегијата за подобрување на условите во мојот роден град, ни изјави Танески.

Ѓоко летово беше актуелен е со трибјут-концертот посветен на рок-легендите „Пинк флојд“ во Охрид, кој планира да го промовира и низ Европа, а не запира ниту со тезгите ширум Македонија.

Во 2010 година, ја претставуваше Македонија на Евросонг во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“. (Л.С.)