Ѓоковиќ: Сакам да си ја вратам самодовербата


Најдобриот српски тенисер по операцијата на лактот првпат ќе настапи на Мастерсот во Индијан Велс. На стартот тој ќе игра со Јапонецот Таро Даниел, а според српскиот тенисер на терен треба да види колку влијаела паузата на неговата игра.

– Единственото нешто што сега го сакам е да си ја вратам самодовербата и да фатам ритам. Играв само на четири натпревари изминативе девет месеци, така што се радувам што повторно можам да играм без болки, изјави Ѓоковиќ за сајтот на АТП.

Доколку се земе предвид фактот дека  српскиот тенисер на Индијан Велс освои пет титули, тогаш може да се каже дека враќањето се случува на еден од неговите омилени мастерси.

Првиот меч Ѓоковиќ го игра против Даниел во недаела во 20 часот.