Ѓоковиќ повторно тренира со Вајда


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ до крајот на сезоната ќе работи со неговиот поранешен тренерот, Марјан Вајда.

Словачкиот стручњак од минатиот викенд повторно тренира со Ѓоковиќ во Марбела, Шпанија, како дел од подготовките за Мастерсот во Монте Карло.

Засега се уште е непознато дали Вајда ќе биде долгорочно решение или ќе му помогне на српскиот тенисер само во преодниот период.

Ѓоковиќ неодамна се раздели со Андре Агаси и Радек Штепанек.