Ѓоковиќ: Ние сме како животни во затворен кафез
Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ го дигна гласот против третманот на тенисерите на Австралија опен кои мораат да ги играат мечевите во неподносливи услови.
Србинот пред два дена го победи Французинот Гаел Монфис кој за време на мечот претрпе топлотен удар. Во еден момент на теренот беа измерени 69 степени, а под сенка беше измерена температура од 39 степени.
– За се постои граница на прифатливост, но очигледно поважен е профитот, продажбата на билети, ТВ права и слично, а потоа сме ние. На некој начин сме третирани како животни во кафез – истакна Ѓоковиќ.
Тој ги повика организаторите на АО да ги поместат мечевите за три-четири часа додека поминат најголемите горештини, а потоа ако е потребно да се игра и под рефлектори и до доцна во ноќта кога условите се прифатливи.