Ѓоковиќ: Не сум 100 проценти здрав, но тука сум


Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ информира дека не е 100 проценти здрав, но дека ситуацијата со повредената рака е подобрена и дека е пресреќен што ќе се врати на теренот на Австралија опен.

– Никогаш немав толку долга пауза и мило ми е што сум тука повторно. Ми недостигаа натпревари на големите турнири. Во исто време, имав во изминатите шест месеци многу време за моето семејство, бев во можност да се одморам и освежам. Сега повторно сум овде. Кај мене има страст за тенис и гори во мене стариот оган, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Мелбурн.

Тој дополни дека повредениот лакт не е сосема здрав, но е во состојба да биде конкурентен.

– Не знам како ќе бидам за време на турнирот, особено по пауза од шест месеци. Најважно е дека сторив се за да играм, потенцира шесткратниот шампион во Мелбурн.

Во првиот круг, ноќта помеѓу недела и понеделник, Србинот ќе игра против Доналд Јанг од САД.