Ѓоковиќ: Модриќ е гордост на Балканот


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на играчот од Реал Мадрид, Лука Модриќ, за освојувањето на „Златната топка“.

Србинот на Твитер напиша:

„Сите честитки за драгиот Лука Модриќ за освоената Златна топка. Апсолутно заслужено. Горд момент за нашиот регион кој го доби најдобриот фудбалер на светот“.

Модриќ доби најмногу гласови во изборот на „Франс Фудбал“ пред Кристијано Роналдо од Јувентус и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

33-годишниот Хрват го освои сребрениот медал со својата репрезентација на Светското првенство во Русија и Лигата на шампионите со Реал Мадрид.