Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Немојте да сте тажни и нетрпеливи, туку внимателно посматрајте што се случува – вашата добра среќа може да им користи на многумина денес! Групните напори и взаемни идеи веќе носат некаков плод и односите се продлабочуваат. Бидете пофлексибилни, толерантни и истрајни. Слатки страсти.

БИК: Не се држете грчевито за работите, тоа нема да ви помогне, обидете се да напредувате користејќи нови начини. Адаптирајте се на условите колку што можете и добро измерете што е важно и надежно – каде се кријат вистинските благослови?Дури и ако треба да почекате, навистина не е проблем.Нешто врие!

БЛИЗНАЦИ: За време на Полната Месечина успеавте да ги завршите саканите работи – патувања, забава со пријателите, но и приватност од надворешниот свет. Сега е време да се вратите во акробацијата наречена живот и да го искористите поволното влијание на планетите. Бидете отпорни и сигурни во себе. Среќа!

РАК: Социјалната интеракција се состои во тоа да се скрши мразот – нема потреба да сте уплашени, ситногради или дури и скржави, стоплете ја малку ситуацијата! Отворете го срцето и споделете ја својата добра среќа со останатите – препреките се надминуваат со тимски дух! Надежта полека се враќа.Смиреност.

ЛАВ: Прекрасни услови за напредување, ова е време кога се поврзуваат сите точки во една целина! Како е горе, така е и долу, велат мудрите, па така и вие успеавте да ги реализирате скоро сите свои работи до сега. Пред вас се средби и работа со остроумни луѓе, кои веќе имаат некое искуство на истото поле. Опуштете се.

ДЕВИЦА: По рафинирањето на својот карактер, природната и спонтана енергија сама ќе протече. Нема потреба да размислувате за разно разни шеми, тоа ќе ви створи само немир. Ќе продолжите да растете и да се ширите само ако станете потоленрантни и разумни. На крај ве очекува богатство, а тоа е вашата душа.

ВАГА: Нежни и инспиративни, се јавува потреба да се претставите некаде, да ги пренесете старите идеи на нов начин или да им дадете нова симболика на работите. Брзата динамика за време на викендот ќе ви одговара и ќе успеете да ги искористите своите богати таленти. Тоа ќе ве исполни со чувство за успех.

СКОРПИЈА: Прекрасен период да се повлечете на својот осамен остров! Добро, може да ги земете со себе и најблиските и да ја напуштите лудата трка на кратко. Добро е да ги имате во предвид своите идни планови и потези, бидејќи шанси за избор допрва ќе се појават. За сега зацврстете ја својата позиција и одморете.

СТРЕЛЕЦ: Сега можете да бидете задоволни, работите се движат по природен пат и добро ќе соработувате со останатите – соработката е бавен процес кој вклучува многу адаптации, но токму оваа бавност доведува до остварени проекти. Ако сакате совет пријатели, еве еден: не избрзувајте во ништо и така ќе уживате во среќа.

ЈАРЕЦ: Нема потреба за загриженост, привршувајте сѐ што имате и веднаш појдете некаде и искористете го убавото расположение! Нежни моменти и слатки зборови од ликови од минатото – ова ќе ве орасположи многу! Имајте на ум да се повлечете на време, за да бидете одморени и спремни за работната недела.

ВОДОЛИЈА: Доста ви е веќе од седење, вам не ви е потребен викенд за одмор – сега сакате да делувате! Штом е така, соберете храброст и просто скокнете во непознатото! Месечината во Близнаци ќе ве поврзе со луѓе кои може да ви помогнат во финансискиот сектор – покажете се најдобро што можете! Уживајте во среќата.

РИБИ: Бидете трпеливи и надминете ги острите зборови упатени од некоја ладнокрвна женска личност – вие сте барем познати по својата интуиција и сензитивна природа. Колку ќе вложите, толку и ќе добиете. Поставените прашања ќе добијат свој одговор, затоа причекајте ги овие убави знаци. Ќе бидете среќни!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]