Шпенд Ахмети избран за лидер на Социјалдемократската партија


Актуелниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, кој до скоро беше една од клучните личности во Движењето Самоопределување, ќе ја предводи Социјалдемократската партија.

Ахмети денеска беше избран за нов лидер на партијата, на вонредното партиско собрание. За потпретседател на партијата е избран Висар Имети, додека за генерален секретар Аида Дргути и двајцата поранешни членови на Самоопределување, а Имери во еден период и лидер на Движењето.

Собранието на СДП се одржа денеска откако деновиве пратениците од отцепеното крило на Самоопределување кои од неодамна во косовскиот законодавен дом дејствува како независна пратеничка група се припои кон СДП, чиј досегашен лидер беше Каќуша Јашари, која високи функции вршеше и во времето на поранешната Социјалистичка автономна покраина Косово

Четириесет годишниот Ахмети во ноември минатата година, како кандидат на Самоопределување беше реизбран за градоначалник на косовската метропола. Тој од 2011 година беше потпретеседател на Самоопределување. Познат е по тоа што како градоначалник на работа оди со градски сообраќај.

Дипломирал на економија и бизнис администрација на американскиот универзитет во Бугарија, а магистрирал политички науки на Харвард. Освен албански зборува и англиски, српски, македонски, бугарски, а го владее и германскиот јазик.

Поради голема поддршка и симпатии кои ги ужива во гласачкото тело, Шпенд Ахмети се смета за иден лидер на Косово.

Преминувањето на Ахмети во СДП се смета за тежок удар врз лидерот на Самоопределување, Албин Курти, кому сега веќе се е јасно дека грбот му го свртеа најблиските соработници