Шпански медиуми: Јоаким Лев кандидат за наследник на Зидан во Реал Мадрид


Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев е најсериозен кандидат за наследник на Зинедин Зиндан на кормилото на Реал Мадрид.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, претседателот Флорентино Перез пред две години имал контакти со Германецот, но сепак на крајот се решил да му даде шанса на Французинот.

Но, и овој пат услов за Лев да седне на клупата на „кралевите“ е евентуалниот неуспех на Зидан во Лигата на шампионите, односно елиминација во осминафиналната рунда од француски ПСЖ.

Доколку се случи тоа, тогаш Лев ќе биде блиску до ангажман во Реал, кој пак од друга страна на Германецот ќе треба да му го исполни условот, да му дозволи, без никакви ограничувања, да ја води својата селекција на претстојното Светско првенство во Русија.

Сепак останува да се види дали ваквите најави ќе се остварат, особено ако се има во предвид дека речиси идентична најава имаше на почетокот на септември месец минатата година, но Зидан сè уште го предводи Реал и покрај лошото издание на во Ла Лига