Шпански медиуми: Меси ќе добие доживотен договор на „Камп Ноу“


Лионел Меси ќе добие доживотен договор во Барселона, пишуваат шпанските медиуми. Според нив, таквата намера на челните луѓе на Каталонците доаѓа како последица на искуството со трансферот на Нејмар во ПСЖ во летниот период.

На „Камп Ноу“ не сакаат нова авантура како со бразилскиот репрезентативец за кого ПСЖ ја плати сумата од откупната клаузула од 222 милиона евра. Во меѓувреме, пак, се погласни се кулоарите и медиумските написи за можна разделба на Меси и Барселона што во суштина води до идејата за понуда на соработка со Аргентинецот до крај на животот.

На идентичен начин неодамна беше „врзан“ и Андерс Иниеста.