Шпанија фуриозно покрај „петлите“
Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство во ракомет што се одржува во Хрватска. Тие беа подобри од фаворитот број еден, Франција со 27-23 и го чекаат победникот од вечерашниот меч меѓу Данска и Шведска.
Французите не беа дораснат во ниту еден момент, иако со серијата од 6-0 кон крајот на натпреварот, се доближија на само три разлика.
Мечот го судеше македонската двојка Начевски – Николов. Финлаето и натпреварот за третото место се играат во недела.