Шокантен пораз: Обложувач ставил 35.000 долари на Федерер


Шокантниот пораз на Рожер Федерер на тенискиот УС Опен скапо ќе го чини еден пасиониран обложувач, кој вложил 35.000 долари за победа на најдобриот светски тенисер на сите времиња против австралискиот аутсајдер Џон Милман. Швајцарецот водеше со 1-0 во сетови, имаше и две сет топки за 2-0, но на крајот загуби со 3-1. Коефициентот на негова победа беше 1.02, па обложувачот уплатил неверојатно 35.000 долари за да добие чисти 700 долари.