Шминкерот Дадар е „Претприемач на годината 2018“


Александар Билјаноски, менаџер на компанијата „Мое Студио Дадар“ од Скопје ја освои втората награда во категоријата микро претпријатија, на изборот „Претприемач на годината 2018“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.

Наградите ги доделија министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, и Лазар Неданоски, раководител од Македонската развојна фондација за претпријатија.

Најдобрите претприемачи беа контактирани и вклучени во процесот на избор преку пополнување на прашалник, посета на терен, анализа и оценка според однапред утврдени критериуми (посветеност на обуки, маркетинг и стратегија за раст, инвестиции во опрема и истражување, развој и иновации и др.).

Наградите во рамки на манифестацијата „Претприемач на годината“ оваа година се доделија по 12-ти пат, а наградените претприемачи во двете категории добија статуетки, плакети и пакети услуги од организаторите.