Шкендија убедлива во тетовското дерби, Скопје ја изненади Победа


Во Правата македонска фудбалска лига денеска се одиграа четири натпревари од 26. Коло во кое сигурна победа забележа лидерот Шкендија.

Значајни бодови во борбата за опстанок освои Скопје на гостувањето кај Победа.

Резултати во 26. Рунда од ПМФЛ:

Работнички – Силекс 2:0,
Академија Пандев – Вардар 1:1,
Победа – Скопје 0:1 и
Шкендија – Ренова 5:0.

Натпреварот Шкупи – Пелистер е одложен.

Табела: Шкендија 66 бода, Вардар 48, Силекс 40, Работнички 32, Академија Пандев 31, Шкупи 29, Ренова, 28, Победа 25, Пелистер 24 и Скопје 24.