Шкендија го победи Работнички, Ренова подобра од Пелистер
Шкендија го совлада Работнички со 2:0 во Скопје и се зацврсти на врвот на прволигашката табела.
Изаир Емини во крајот на првиот дел им донесе водство од 1:0 на гостите, а Бесарт Ибраими од пенал на стартот од вториот дел ги постигна конечните 2:0.
На вториот меч во Тетово попладнево Ренова минимално со 1:0 го совлада Пелистер и освои три бода во битката за опстанок. Стрелец на единствениот гол беше Валмир Нафиу.