Ширер: Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата


Поранешниот англиски фудбалер, Алан Ширер, смета дека следните неколку години Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата.

– Во моментов не би се обложил на ниту еден друг клуб дека ќе ја освои Премиер лигата. Сити оваа сезона јасно прати порака до останатите, истакна Ширер.

Манчестер сити со 100 поени беше убедливо прв оваа сезона, иако ги освои титулите и во сезоните 2011/2012 и 2013/2014.

– Играа фудбал каков што досега не сме виделе во Премиер лигата, но големите клубови освојуваат трофеи во низа. Сити тоа не го правеше во минатото, но сега има одлична можност, потенцира Ширер.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, претходно освојуваше титули во низа со Барселона и Баерн Минхен. Веројатно истиот успех се очекува да го постигне и со англискиот клуб.