Шилегов од Атина – на предизборна конвенција во Белград


Белград – Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва во Белград со подршка на Драган Шутановац и опозициската коалиција на Демократската странка (ДС) „Да го ослободиме Белград“.

На првата Конвенција на демократите за изборите за градот Белград во Халата на спортовите „Ранко Жеравица“, Петре Шилегов зборувал како претставник на СДСМ, а во знак на поддршка на кандидатот за градоначалник и лидер на Демократската странка Драган Шутановац, со цел да се „Ослободи Белград“, како што е слоганот на коалицијата за претстојните избори на главниот град на Србија.

– Ние сме сестрински партии и досега имаме добра соработка и контакти со Демократската партија на Шутановац, изјави Шилегов.

Од Демократската странка изјавија дека подршката на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев им значи многу, а доаѓањето на Шилегов има значење бидејќи станува збор за градоначалник на главен град, кој со леснотија победил уште во првиот круг.