Шилегов го тужи Трајановски за незаконско делење концесии за билборди


Градоначалникот Петре Шилегов најави дека градските власти ќе ја тужат предходната администрација бидејќи незаконски ја пренеле концесијата за билборди од една на друга фирма. Градот Скопје веќе ја подготвил кривичната пријава за неовластен пренос на концесија со договор склучен „во четири очи“. Шилегов инфомираше дека договорот предвидувал концесијата на компанијата „Медиас“ да премине на компанијата „Лид“, а градските власти го одобриле преносот. Во Скопје има околу 1.000 билборди, поделени меѓу четири концесионери.

„Една од фирмите, која стопанисувала со дел од скопските билборди влегла во стечај, а законот предвидува Градот да си ја врати концесијата и во законска постапка да ја додели на друга компанија. Спротивно од тоа, со договор меѓу три страни кој бил потпишан од старата администрација концесијата само била пренесена на една од фирмите која дотогаш исто така стопанисувала со друг дел од билбордите“, информираше Шилегов. Тој не сакаше да прецизира дали кривичната пријава се однесува само на поранешниот градоначалник Коце Трајановски или и за други вработени во администрацијата. Само допопни дека против старата администрација веќе има четири кривични привијави кои се резултат на истраги на Финансиската полиција, но се наоѓаат во фази во кои не може да се изнесуваат детали во јавноста. (С.Н.)