Шилегов во Париз прима и дели совети за паркирање


Градоначалникот Петре Шилегов е во работна посета на Виена и денеска се сретнал со неговиот колега д-р Михаел Хојпл. На средбата, градоначалниците дискутирале за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Од Град Скопје информираат дека на средбата биле разменети и искуства за градското зонско паркирање и паркинг просторот во двата града.

Шилегов во текот на денешниот ден, остварил средба и со заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку, која е одговорна за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина, енергетско планирање и учество на граѓаните во креирање јавни градски политики во Виена. „На оваа средба, Шилегов и Василаку разговараа за јавниот транспорт и негово ефикасно воспоставување, за проектите на споделување велосипеди, како и за развојот на Скопје во енергетско ефикасен, зелен и паметен град“, велат од Градот. Покрај овие две средби, скопскиот градоначалник се сретнал и со раководителот на Туристичкото здружение на Виена, Норберт Кетнер, и пратеникот на Покраинското собрание Омер – Ал Рами.