Шибеник: Скокнал од мост висок 40 метри и преживеа


Непознат маж скокнал од шибенскиот мост во морето, но покрај фактот дека мостот е висок 40 метри, преживеал.
„Човекот скокна од мостот во морето, а го забележале од едрилица која поминувала оттука. Мажот е жив и префрлен во болница“, велат од полицијата.
Сите околности за скокот од мостот на непознатиот маж полицијата допрва треба да ги утврди, пренесува 24sata.hr.
Шибенскиот мост го поврзува Шибенскиот залив на Јадранската магистрала, во близина каде реката Крка се влева во морето.