Шефот на тимот на ЕУ за Брегзит предложи продолжување на преодниот период од една година


Шефот на тимот на Европската унија во разговорите за Брегзит Мишел Барние, предложи транзицискиот период по излегувањето на Велика Британија од Унијата да биде продолжен за една година за да се деблокираат преговорите.

Според извори, на кои се повикуваат француски медиуми, продолжувањето на рокот ќе овозможи да се договорат идните односи меѓу Лондон и ЕУ и да се реши прашањето на границата помеѓу Ирска и Северна Ирска, главен камен на сопнување во дискусиите.