Шерон Стоун ќе ја глуми Саманта во третиот дел од „Сексот и градот“?


САД- Сè уште не е официјално потврдено снимањето на третиот дел, особено поради компликациите со актерката Ким Катрал, која уште во 2016 изјави дека не сака повторно да се појави во улогата на фамозната Саманта Џонс во култната серија „Сексот и градот“ кој имаше и две филмски продолженија.Но, според најновите информации снимањето најверојатно ќе се случи, a улогата на Саманта ќе ја глуми актерката Шерон Стоун.

Mногу актерки не би можеле да ги доловат страста и сексапилот на Саманта во фамозниот филм, но ова сигурно не би било тешка улога за легендарната Шерон Стоун.

Но, 61-годишната актерка, која ја играше Саманта Џонс, предложи две глумици кои би можеле да ја одиграат таа улога. Таа ги поддржа Тифани Хадиш од „Девојки на пат” и Софија Вергара од „Модерно семејство“.

„Тие две се од многуте фантастични актерки кои ќе го извадат најдоброто од Саманта Џонс“, објави Катрал на Твитер.

Ким Катрал ја играше улогата на Саманта во шест сезони на серијата и во две филмски продолженија.

Таа негираше дека нејзината одлука да го одбие третиот филм се должи на хонорарите или на нејзините специфични барања. Нејзините најнови коментари дојдоа откако Сара Џесика Паркер, која ја играше Кери, посочи дека би можел да се сними уште еден филм, но без Катрал.

Фановите се радуваат за третото продолжение  од филмот за четирите пријателки, кои рушеа табуа на теми како секс, брак и пари.