Шекеринска по гласањето: Можеме да направиме чуда


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска по гласањето на референдумот рече дека очекува референдумот да биде каков што беше и денешниов ден, полн со вера, надеж и љубов.

-Полн со верба дека можеме да бидеме подобра држава, надеж дека тоа го правиме со денешниот чин со многу, многу љубов кон наша Македонија, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска по гласањето на референдумот во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.
Таа рече дека очекува процес во кој мнозинството граѓани ќе покаже силно дека е Македонија да стане земја членка на НАТО и на Европската Унија и дека со таа силна поддршка навистина можеме да направиме чуда.