Шекеринска: Вселената знае дека Македонија е заинтересирана да за реши името


Врз база на сегашните и претходните средби што сум ги имала  одговорно тврдам дека потезите  што ги направи Македонија не само во поглед на преговорите за името, во поглед на аеродрoмот и автопатот, покажаа дека, од вселената Македонија е заинтересирана за решение, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска  вечерва во гостувањето во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.

Врз основа на сето тоа што го понудивме, потенцираше, на сите им е јасно дека Македонија e заинтересирана за решение.

– Преговорите може да успеат само ако двете страни тоа го посакуваат и ако во еден  момент најдеме решение со кое и двете страни можат да живеат и да го спроведат. Се повеќе од тоа е барање само на виновник, рече Шекеринска, оценувајќи дека  во целиот процес Македонија кај меѓународната заедница е доживеана како зрела и одговорна  држава.

Како што вели, за интеграциите на Македонија и во НАТО и во ЕУ постои подготвеност  да помогнат и САД  и други пријателки членки.

Таа  порачува дека Македонија  во секој случај мора да продолжи со домашните реформи и доколку годинава не биде примена во НАТО.

– Фокусот мора да биде на нашата стретешка цел. Денес Македонија нема покана за НАТО и Македонија си ја гарантира сопствената безбедност. Она што нам ни останува како опција е да не го изгубиме фокусот којшто сега го имаме на домашни реформи и во случај да влеземе во НАТО и во случај тоа да не се случи, наведе Шекеринска, дополнувајќи дека кризата во 2015 не ни се случи дека не бевме во НАТО и ЕУ, туку поради лошата внатрешна состојба.