Шеесетгодишна жена од Трубарево пронајдена почината во домот


Во село Трубарево, Скопско синоќа во нејзиниот дом била пронајдена почината В.Н. (60).

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен ноќеска во 01,25 часот во СВР-Скопје.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје,  а телото на починатата е дадено на обдукција.