Швеѓанин е осуден за „онлајн силување“ на 27 деца
Суд во Шведска го осуди Швеѓанецот Бјорн Самстром (41) за сексуално злоставување преку интернет, откако во периодот од 2015 до 2017 година присилувал деца од Канада, во Велика Британија и од САД да извршуваат сексуални чинови пред веб камера.
За да ги добие видеата и фотографиите тој им се заканувал на децата дека ќе ги убие членовите на нивните семејства доколку за него не ги извршат сексуланите чинови, а потоа им се заканувал дека нивните фотографии ќе ги објави на порнографски сајтови.
Неговиот адвокат денеска изјави дека Самстром има намера да поднесе жалба за пресудата бидејќи ја смета за „некоректна“.
Самстром призна дека контактирал со деца, но тврди дека не може да се сети дали од нив барал да извршуваат сексуални чинови пред веб камера.
Пресудата на Самстром е првата пресуда од таков вид во Шведска.