Шведската компанија „Диаверум“ ќе продолжи да ги работи центрите за дијализа во државава кои ги купи од „Диамед“, каде планираат инвестиции со дополнително унапредување на медицинската услуга, едукација на стручен персонал и на пациентите, како и примена на најсовремена медицинска пракса во областа на третманот на бубрежно болните лица
На свеченото одбележување на своите активности во земјава организирано во пресрет на Светскиот ден на бубрегот 14-март, и Мулавасили, рече дека нивната мисија е на секој пациент да му овозможат здравствена грижа која ќе го подобри квалитетот на неговиот живот.
„Среќни сме што и на пациентите овде ќе им понудиме врвна услуга, а преку соработка со надлежните институции ќе создадеме одлична можност за размена на знаења и искуства во повеќе области со што ќе бидеме активен партнер во напортите на институциите нза натамошно осовременување на здравствените услуги“, рече Мулсавасилис.
Од Диамед велат дека во македонските центри за дијализа се вршат третмани со исти апарати како и за нивните пациенти во Шведска и во останатите земји во кои оперираат, и тоа за пониска цена, од околу 90 евра. Тие пресметале дека финансиски им се исплаќа да работат во земјава и со пониски цени, а да ги дадат истите современи медицински третмани, кои се на сметка на Фондот за здравствено осигурување.
Душко Ѓоргиев, претседател на здружението на бубрежно болни „Нефрон“, смета дека со влегувањето на концесионерството во областа на дијализата, значително се подобрени условите за дијализа, се користат нови машини, пациентите добиваат квалитетна дијализа во своето место на живеење и повеќе не патуваат по повеќе од 100 километри за дијализа.
„Но, тука не смее да запре и токму во тој дел се нашите очекувања од еден кредибиле и искусен оператор каков што е Диаверум, са воведе и дополнителни процедури у услуги освен дијализата. Ние сме охрабрени од нивниот влез во македонскиот здравствен систем и уверени сме дека преку нив во земјата ќе влезат најсовремените европски и светски стандарди и практики во третманот на пациентите со бубрежни заболувања“, рече Ѓоргиев.
Тој изразе надеж дека македонските пациенти на Диаверум ќе можат ги вршат своите третмани да ги вршат и надвор од државата во мрежата на центри на Диаверум, со што ќе се овозможи слободно движење и патување.
Од Диаверум најавија дека тоа го овозможуваат, како за македонските пациенти, така и за странските пациенти кои би дошле во земјава на одмор. Тие ќе им помогнат да најдат сместување, хотел, полесен престој и можност да ја направат својата дијализа во еден од деветте центри во земјава.
„Особено тоа се однесува за Охрид, каде може да одат на летување, но и за престој во Скопје и за другите градови“, вели Зјачиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање Мулавасилис рече дека друштвото „Диамед Македонија“ веќе е дел од „Диаверум“.
– Пред да правиме каква било инвестиција во која било земја на тоа му претходи подолг период од различни детални проверки на сите можни аспекти поврзани со инвестицијата, како и тоа кои се тековните стандарди за грижа што ги обезбедува соодветното друштво што планираме да го стекнеме, кои се неговите човечки и останати капацитети. После таа детална проверка од три години се уверивме дека „Диамед Македонија“ ги поседува сите соодветни стандарди што сметавме дека со нашето вложување и со споделувањето на нашето искуство ќе можеме да ги надградиме на повисоко ниво, посочи Мулавасилис.
Додаде дека цената за дијализата во Македонија е на релативно ниско ниво споредено со останатите земји, но благодарение на нивниот воспоставен модел и на користењето на дигиталните техники и нивното искуство ќе овозможат за таа цена да даваат услуги, што се со квалитет ист како во земјите каде таа цена е повисока.
Главниот оперативен директор на компанијата, Борис Зјачиќ, во врска со тоа дали е блокирана сметката на „Диамед Македонија“, рече дека се глобална компанија и при таквите проверки не утврдиле ништо што ќе ги доведе до истите наводи на Обвинителството. – Ќе го почитуваме процесот и ќе го чекаме крајниот резултат. Сметката на друштвото „Диамед Македонија“ не е блокирана и работиме нормално, тоа е поддружница на „Диаверум“, додаде Зјачиќ.
Диаверум почна со инвестиции во земјава во октомври минатата година, преземајќи ја компанијата која управува со девет центри за дијализа во Скопје и источниот дел д замјата и во моментов се грижи за повеќе од 670 пациенти со хронична бубрежна болест.
Мрежата на Диаверум ја сочинуваат најсовремени центри и клиники за третман на бубрезите во 19 земји во Европа, Америка и Азија. Седиштето на компанијата е во Шведска, каде пред повеќе од две децении била отворена првата клиника.