Шведска ја изненади Хрватска, се радува и Србија


Шведските ракометари ја декласираа домаќинот  Хрватска со 35:31 во групата А и со ваква разврска Шведска е прва во групата со 6 бодови. Хрватска е втора со 4 бодови , додека Србија и Исланд имаат по два бода, но Србија ќе биде на третото место поради подобриот меѓусебен дуел.

Во вториот вечерашен натпревар од групата Б, Норвешка беше поуспешна од Австрија и се осигура на втората позиција позади Франција. Трета е репрезентацијата на Белорусија, додека Австријците без поени си заминуваат дома.

Во втората фаза, Франција и Шведска пренесуваат по 4 поени, додека Норвешка и Хрватска пренесуваат по 2 поени. Без поени во завршната фаза ќе бидат Белорусија и Србија.