Шарлиз Терон конечно откри дали е во врска со Бред Пит


На почетокот на месецов медиумите пишуваа дека актерите Шарлиз Терон и Бред Пит се во тајна врска.
Иако, многумина веќе ги прогласија за најубава двојка во Холивуд, изгледа вестите кои се појавија подоцна, дека тие не се во врска, се точни.
Шарлиз гостуваше во емисија кај Елен Деџенерис каде потврди дека во моментот е сама и кажа зошто е тоа така.
Актерката на комичен начин објасни дека вежбала бакнување уште од мали нозе.
„јас се бакнував сама со себе, односно со огледалото, уште од седмата година. Потоа со кукли. Па, потоа вежбав бакнување со рака. Можеби затоа сега немам момче“, рече актерката на која последната врска ѝ беше со колегата Шон Пен.
Инаку, Терон пред неколку години посвои две деца и потполно се посвети на нивното одгледување.