Шакира затаила данок од 14 милиони евра


Шпанските истражни органи ја обвинија познатата колумбиска пејачка Шакира за затајување данок од 14,5 милиони евра.

Суд во Шпанија ја повика пејачката за тој случај да даде исказ на сведочењето во средина на јуни.

Шакира во тоа време главно живеела во Шпанија, иако нејзиното постојано живеалиште е во Панама.

Во обвинението се наведува дека пејачката прикривала приходи преку 14 различни компании во земјите, т.н. даночен рај.

Тимот на Шакира за односи со јавност наведува дека таа во локалните даночни служби го подмирила долгот.