Чешка со најмала невработеност во ЕУ од 2,5 отсто, грција рекордер со 20,5 отсто


Стапката на невработеност во Европската унија и Еврозоната во ноември 2017 година дополнително е намалена, се вели во вчера објавениот извештај на Евростат.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во 28-те земји на ЕУ, утврдена по методологија на Меѓународната организација на трудот, во ноември се намали за 0,1 процент, на 7,3 отсто, што е најниско ниво од октомври 2008 година.

И во Еврозоната од 19 држави, се намали за една десетина од еден процент, на 8,7 отсто, а се одржува на најниско ниво од јануари 2009 година.

На годишно ниво стапката на невработеност е намалена за 2,1 процентни, а бројот на невработени за 41.000, вели извештајот на Евростат.

Најниска стапка на невработеност меѓу земјите-членки на ЕУ, продолжува да бележи Чешка 2,5 отсто, по што следат Малта и Германија со по 3,6 отсто. Највисоките стапки сé уште се забележани во Грција, со 20,5 отсто во септември 2017 година, и Шпанија со 16,7 отсто.

Евростат проценува дека во ноември биле невработени  18.116 милиони граѓани, од кои 14.263 милиони во Еврозоната. Месечно бројот на невработени лица е намален за 155.000 во ЕУ и 107.000 во Еврозоната.

Во споредба со ноември 2016 година,  во ЕУ бројот е намален за 2.133 милиони, а  во Еврозоната за 1.561 милион.

Трендот на опаѓање продолжува и кај младите

Во 28 членки на ЕУ стапката на невработеност кај младите на 25-годишна возраст во ноември изнесуваше 16,2 отсто, наспроти 18,2 отсто една година претходно. Во Еврозоната таа стапка е намалена на 18,2 отсто, од 20,5 отсто во ноември 2016 година.

Без работа во ноември минатата година во ЕУ биле 3.698 милиони млади на возраст од 25 години, од  кои 2.624 милиони во Еврозоната.

На годишно ниво, бројот на невработени од оваа возрасна група е намален за 429.000 во ЕУ и за 286.000 во Еврозоната.

Најниска стапка на невработеност меѓу младите има  Чешка, со стапка од пет проценти, а Германија со 6,6 отсто. Од друга страна, највисока стапка на невработеност кај младите има Грција, со 39,5 проценти во септември 2017 година. Следат Шпанија со 37,9 проценти и Италија со 32,7 проценти