Чеферин: Без ВАР технологија на СП 2018, судијата да остане судија, а не робот


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се спротивстави на употребата на ВАР технологија на натпреварите на Светското првенство во 2018 година.

Според него, системот не е подготвен за употтреба на мундијалот во Русија и покрај тестирањата на голем број турнир и првенства.

„Разбирам дека технологијата ќе се воведе порано или подоцна, но останувам малку конзервативен по ова прашање. Судијата мора да остане судија, а не да биде робот“, изјави Чеферин.